10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСоборени три државни рекорда на ЕП во пливање

Соборени три државни рекорда на ЕП во пливање

plivaci ep 98

Три државни рекорда соборија македонските репрезентативци на Европското првенство во пливање, кое денеска започна во Лондон.

Марко Блажевски во една трка собори два државни рекорда. На 100 метри градно тој оствари резултат 1:03:57 минути и го собори сопствениот рекорд, а неговиот резултат на 50 метри 30:07 секунди, исто така, е национален рекорд.

Блажевски трката на 100 метри градно ја заврши на 53-то место во конкуренција на 62-ца пливачи.

Државен рекорд постави и Ана-Марија Дамјановска, иако квалификациите на 50 метри пеперутка го заврши на последното 45-то место. Дамјановска оваа трка ја заврши со време 29.53 секунди.

Во машка конкуренција, на 50 метри пеперутка во квалификациите настапи Љупчо Ангеловски, тој го исплива своето најдобро време во кариерата (25:64 секунди) и заврши на 58-то место во конкуренција на 62-ца пливачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП