ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте ослободен од обвиненијата за местење на натпревари

Конте ослободен од обвиненијата за местење на натпревари

konte00i0i0i0

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија и иден тренер на Челзи, Антонио Конте, е ослободен од обвиненијата во аферата со наместени натпревари.

Обвинителството бараше шестмесечна условна затворска казна и парична казна од 8.000, но судот во Кремона оценил дека Конте не е виновен.

Италијанскиот селектор беше под истрага на обвинителството во Кремона, а потоа и обвинет, дека направил измама во спортот, односно дека знаел оти во 2011 година, кога бил тренер на Сиена, мечот со Албинолефе бил наместен.

Конте веднаш ги негираше обвиненијата, но беше казнет со четиримесечна суспензија, во периодот кога го предводеше Јувентус во сезоната 2012/2013.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП