4 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХоџсон ги повика Рашфорд и Вилшeр

Хоџсон ги повика Рашфорд и Вилшeр

fa33

Англискиот селектор, Рој Хоџсон, повика 26 фудбалери на подготвките за настап на Европското првенство. Хоџсон до 31-ви мај ќе треба да го соопшти конечниот список од 23-ца фудбалери кои ќе ја преставуваат Англија на ЕУРО 2016.

Селекторот на Англија ја изненади јавноста со повикувањето на Маркус Рашфорд и Џек Вилшер. Рашфорд, кој во октомври мината година стана полнолетен, шанса во Манчестер Јунајтед доби во вториот дел од сезоната и одигра вкупно 16 натпревари, на кои го потврди талентот и потенцијалот со кој располага.

Сепак, спортската јавност на Островот смета дека сé уште е рано Рашфорд да стане дел од националниот тим.

Изнандување е и повикот упатен до Вилшер, кој во финишот на сезоната се врати во тимот на Арсенал, откако девет месеци се рехабилитираше од тешката повреда. Вилшер сезонава одигра само 141 минути за Арсенал.

На спискот се наоѓа и Андрос Таузенд чиј Њукасл испадна од Премиерлигата, како и Фабијан Делф кој не доби многу шанса во Манчестер Сити.

Спортските коментатори предвидуваат дека од списoкот на Хоџсон ќе отпаднат двајца играчи од средниот ред и еден напаѓач.

Голмани: Џо Харт (Ман.Сити), Фрејзер Фостер (Саутемптон), Том хатон (Барнли).

Одбрана: Рајан Бертранд (Саутемптон), Гери Кејхил (Челзи), Натениел Клајн (Ливерпул), Дени Роуз (Тотенхем), Крис Смолинг (Ман.Јунајтед), Џон Стонс (Евертон), Кајл Вокер (Тотенхем).

Среден ред: Деле Али (Тотенхем), Рос Баркли (Евертон), Фабијан Делф (Ман.Сити), Адам Лалана (Ливерпул), Ерик Дајер (Тотенхем), Дени Дринквотер (Лестер), Џордан Хендерсон (Ливерпул), Рахим Стерлинг (Ман.Сити), Џејмс Милнер (Ливерпул), Андрос Таузенд (Њукасл), Џек Вилшер (Арсенал).

Напад: Џејми Варди (Лестер), Хари Кејн (Тотенхем), Вејн Руни (Ман.Јунајтед), Рахим Стерлинг (Ливерпул), Маркус Рашфорд (Ман.Јунајтед).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП