10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХет-трик на Работнички или трета среќа за Шкендија

Хет-трик на Работнички или трета среќа за Шкендија

rabo-shke

Фудбалерите на Работнички и Шкендија, вечерва ќе се борат за титулата во Купот на Македонија.

Работнички е екипата која има четири трофеи во Купот, од кои две во изминатите две сезони, додека Шкендија, во своето трето финале ќе се обиде да стигне до првата титула во најмасовното фудбалско натпреварување кај нас.

„Нашата цел е јасна, ќе се обидеме да победиме во финалето и да го освоиме трофејот третпат во низа, што би претставувало само по себе голем успех. Среќен сум и горд на моите фудбалери, кои одиграа одлична сезона, особено во домашниот куп и сосема заслужено стигнаа до финалето. На почетокот имавме мали потешкотии, со оглед на тоа што си заминаа неколку клучни фудбалери, но како што одминуваше времето игравме сé подобро и подобро“, изјави тренерот на Работнички, Томислав Франц.

Работнички на овој меч најверојатно ќе настапи без Миле Цикарски, додека Борче Маневски започна да тренира, но неговиот настап е неизвесен. Од друга страна во редовите на Шкендија се надеваат дека Ферхан Хасани ќе може да заигра во финалето.

„Се надевам дека ќе одиграме на едно високо ниво во текот на сите 90 минути и ќе ја израдуваме нашата публика која е најзаслужна за ова финале. Без нејзина подршка не би биле сега тука. Противникот е добро познат, ги знаеме нивните квалитети, и ќе се обидеме да ја прекинеме нивната серија“, изјави стратегот на Шкендија, Бруно Акраповиќ.

Натпреварот на „Филип Втори“ ќе започне во 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП