2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.05.2016

Дневен хороскоп 16.05.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Забележувате дека соработниците не го исполнуваат својот дел од работата, што автоматски се одразува на вашата мотивација и заедничкиот успех. Сепак, ова не е момент да се пресметувате со неистомислениците. Избегнувајте судир со лице кое има сомнителна репутација.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку не разбирате нечии мотиви или идеи, не можете да ја прифатите ниту важноста на различните правила во деловно-финансиската соработка. Бидете внимателни во бизнис дијалогот, бидејќи недоразбирањето донесува дополнителни компликации.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Направивте погрешен избор и сега ви преостанува да го корегирате својот деловен пропуст. Успехот понекогаш изгледа недостижно, но околностите секогаш се менуваат. Важно е да извлечете добра порака и да останете истрајни во своите намери.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

На погрешен начин ги тумачите различните информации или новите случувања кои ги препознавате во деловното опкружување. Понекогаш работите изгледаат целосно поинаку од впечатокот кој се обидува да ви го наметне некој од соработниците.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате впечаток дека околината премногу прави бука за некои споредни случувања. Непотребно се поставуваат различни услови кои го комплицираат продолжението на деловната соработка. Важно ви е да ги избегнете негативните последици.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

На вас големите зборови не ви значат многу, па затоа и не обрнувате многу внимание на нечија приказна за деловно-финансиската соработка. Сепак, ќе се покаже дека ненадејната среќа е на ваша страна тогаш кога најмалку очекувате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Идејата која ја имате не треба да се истакнува како најдобро деловно решение. Доколку внимателно го следите развојот на настаните на деловната сцена, ќе ви биде јасно на кого треба да сметате во соработката.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се наоѓате во добра психофизичка форма. Доволно сте способни да ги остварите своите деловни намери, вашиот успех се наоѓа над просечните оценки и мерила. Нема причина за претерување во однесувањето или лажната скромност.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате впечаток дека неправедно трпите поради негативното влијание или нечие нерасположение. Се наоѓате под тешки околности но сепак немате изговор за неисполнетите обврски. На средбата со саканото лице прифатете некоја утешна варијанта.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во деловниот дијалог нечии манири и однесување за вас ќе бидат збунувачки. Понекогаш е тешко точно да процените кој или колку добива во деловно-финансиската соработа. Нема потреба упорно да ја наметнувате својата волја пред семејството или блиските лица.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

На некој му недостасува искреност, а на вас трпение и поради тоа деловната средба се претвора во нова расправа.  Нема потреба  да очекувате претерана попустливост или разбирање, кај лицата кои строго инсистираат на практичните интереси.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашата интуиција во овој момент делува скоро непогрешливо, умеете да ги процените различни соработници и нивната улога во деловните преговори. Бидете упорни во своите деловни намери. Ве очекуваат пријатни настани во кругот на семејството или на средбата со саканото лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП