2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПалермо и Трајковски изборија опстанок во Серија А

Палермо и Трајковски изборија опстанок во Серија А

palermo-trajko

Фудбалерите на Палермо, чии дрес го носи и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, во последното коло, изборија опстанок во Серија А.

Палермо во последното коло, во помалку драматичен натпревар, ја совлада отпишаната Верона со 3-2. Екипата од Сицилија до победата ја однесоа ветераните Енцо Мареска и Алберто Џилардино.

Македонскиот репрезентативец, Трајковски, започна во стартаната постава на Палермо и на теренот беше до 56 минута кога на неговото место влезе Лазар.

Трајковски во совјата дебитанска сезона во Серија А постигна три гола за Палермо. Од следната сезона за Палермо ќе игра и Илија Несторовски.

Победата на Палермо го испрати Карпи во Серија Б, иако овој тим го совлада Удинезе со 2:1.

Фиорентина славеше во Рим над Лацио со 4:1 и го потврди петтото место на табелата.„Виолетовите“, наредната сезона ќе играат во Лига Европа.

На „Олимпико“, Мирослав Клозе го одигра последниот меч во дресот за Лацио, а токму Германецот го постигна единствениот гол за лацијалите.

Наредната сезона Јувентус и Наполи ќе играат во Лигата на шампионите, а низ квалификациите место во елитата ќе бара Рома, додека покрај Фиорентина во Лига Европа ќе настапат Интер и Милан.

Серија А ја напуштија Верона, Фрозиноне и Карпи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП