Кошаркарите на Торонто Репторс прв пат во клупската историја изборија пласман во финалето во Источната конференција. Торонто во решавачкиот седми натпревар, од полуфиналната серија, славеше над Мајами 116:89.
Торонто „мајсторката“ против Мајами ја доби благодарение на бековската двојка Дерозан-Лаури кја комбинираше 63 поени и одличното тимско издание во последната четвртина (30:11).
И пред почетокот на последната четвртина Торонто ги контролираше играта и резултатот, но Мајами успеваше да го држи приклучокот. Сепак гостите од Флорида во послениот период немаа решени ја запаѓачката игра на Торонто.
Лаури забележа 35 поени, девет скокови и седум асистенции, а Дерозан постигна 28 поени. Кај Мајми Драгиќ и Вејд реализираа по 16 поени.
Торонто во финалето на Истокот че игра против Кливленд. Леброн Џејмс и дружината во полуфиналето со 4-0 ја елиминираа Атланта.