17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПримера: Спортинг избори опстанок

Примера: Спортинг избори опстанок

sporting-hih

Спортинг Хихон и наредната сезона ќе игра во Примера, откако во полседното коло го совлада Виљареал, додека покрај Леванте од лигата испаднаа два мадридски клуба Хетафе и Рајо Ваљекано.

Спортинг имаше лесна задача во последното коло против Виљареал, кој уште во минатото коло го обезбеди четвртото место, кое му носи квалификации во Лигата на шампионите.

Родриго Мендес во осмата минута ја најаи победата на Спортинг, која ја потврди Серхио Алварез во 79.минута.

Рајо Ваљекано славеше над Леванте 3:1, но победата не му донесе опстанок во Примера, додека Хетафе се предаде кај Бетис и со пораз 2:1 испадна од Примера.

Наредната сезона во Лигата на шампионите ќе играат Барселона, Реал и Атлетико, Виљареал ќе игра квалификации за ЛШ. Атлетик Билбао избори директен пласман во Лига Европа, Селта ќе игра во квалификациите, а доколку не ја освои Лига Европа, квалификации во ова натпреварување ќе игра и Севилја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП