11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМари преку Ѓоковиќ до титулата во Рим

Мари преку Ѓоковиќ до титулата во Рим

mari-endi

Енди Мари ја освои титулата на Мастерс турнирто во Рим, откако во финалето го совлада првиот светски играч, Новак Ѓоковиќ со 6:3, 6:3.

Мари, во Рим, ја забележа втората победа над Ѓоковиќ во последните 14 дуели и на својот 29-ти роденден ја освои титулата. Британецот ја забележа 10-та победа во 33-от дуел со Ѓоковиќ.

Мари, во финалето, одигра брлијантен меч, доминираше на теренот, максимално користејќи го заморот кај Ѓоковиќ, кој имаше напорни мечеви со Надал иНишикори во претходните два рунди.

Со оваа титула, прва во 2016 година, Мари му се реваншира на Ѓоковиќ за поразот на Мастерсот во Мадрид минатата недела и воедно се врати на второто место на АТП листата.

Најдобрите светски тенисери ќе имаат една недела одмор, а потоа следува вториот грен слем во сезоната, Ролан Гарос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП