12 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиерлига: Сити во ЛШ, Саутемптон во ЛЕ

Премиерлига: Сити во ЛШ, Саутемптон во ЛЕ

lkj

Сезоната во Премиерлигата, во која Лестер сензационално ја освои титулата, заврши во неделата со натпреварите од последното коло, по кое Манчестер Сити избори квалиикации во Лигата на шампионите, а Саутемптон место во Лига Европа.

Манчестер Сити ја потврди четвртата позиција на табелата со нерешениот резултат кај Свонси 1:1. Сити теоретски може да остане беа четвртата позиција, но само доколку Манчестер Јунајтед го победи Борнмут со 19 голови разлика.

Инаку натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Борнмут е одложен откако во еден од тоалетите на „Олд Трафорд“, полицијата пронајде експлозивна направа.

Саутемптон славеше над Кристал Палас 4:1 и го прескокна на табелата Вест Хем кој загуби од Стоук 2:1.

Њукасл, последниот меч во Премиерлигата, го заврши со убедлива победа од 5:1 над Тотенхем. Спарси кој на три кола до крајот се бореа за титулата, во последното коло останаа без второто место бидејќи Арсенал славеше 4:0 над Астон Вила.

Новиот првак Лестер гостуваше кај стариот Челзи и мечот заврши 1:1.

Наредната сезона во Лигата на шампионите ќе играат Лестер, Арсенал и Тотенхем, а Манчестер Сити ќе игра во квалификациите зља Лигата на шампионите. Саутемптон и Манчестер Јунајтед ќе играат во Лига Европа, а доколу Јунајтед го освои ФА купот тогаш и Вест Хем ќе игра во ованатпреварување, во спортивно тоа ќе биде Вотфорд.

Од Премиерлигата испаднаа Њукасл, Норич и Астон Вила, а нови членови на елитното друштво се Варнли и Мидлсброу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП