24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал одбил 250 млн. евра за Роналдо

Реал одбил 250 млн. евра за Роналдо

ronaldo

Раководните луѓе на мадридски Реал одбиле понуда вредна 250 милиони евра за трансфер на Кристијано Роналдо, открива познатиот италијански новинар, Иван Зазарони.

Според неговите информации, менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш, бил посредник во понудата, но претседателот на Реал, Флорентино Перез рекол „не“.

Изминатата недела, светските медиуми ги засилија шпекулациите дека Роналдо ќе го напушти Реал по завршувањето на сезоната, откако беа објавени фотографии од неговиот престој во Лондон. Медиумите шпекулираат дека можни негови дестинации се ПСЖ или Манчестер Јунајтед.

Истовремено, француските медиуми открија, дека Роналдо потпишал некоја вид на преддоговор со ПСЖ, според кој доколку реши да го напушти Реал, ПСЖ би имал пол позиција во евентуалниот трансфер.

Реал, в сабота, во последното коло во Примера ќе гостува во Ла Коруња. На Реал му е потребна победа, но и кикс на Барселона во Гранада за да ја освои титулата.

„Кралскиот клуб“, на 28.мај во Милано, против градскиот ривал Атлетико ќе игра во финалето во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП