Ракометарите на Металург и Вардар, според очекувањата, изборија пласман во финалето на Купот, чии завршен турнир во петокот започна во Охрид.
Металург, во првиот меч, славеше над Вардар јуниор со 30:28. Тимот на Лино Червар до победата го предводеа репрезентативците Талески со осум и Костески со шест голови, додека кај Вардар јуниор, кој успеа да пружи силен отпор, се истакнаа Вијачиќ со шест и Тренчевски со пет голови.
Бранителот на трофејот Вардар, во вториот натпревар, го освлада домаќинот на завршниот турнир Охрид со 29:21. Дибиров и Душебаев го предводеа Вардар со по пет голови, а Печенковски од Охрид со осум голови беше најефикасен играч на натпреварот.