24 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаре Маркоски поднесе оставка

Заре Маркоски поднесе оставка

zare marko00

Македонската кошаркарска федерација (МКФ), во петокот, го промовираше Драган Раца во нов селектор на националниот тим, а во исто време остана без досегашниот спортски директор Заре Маркоски, кој ја понудил својата оставка.

Заре Маркоски, кој дојде во МКФ како избор на претседателот Петар Наумовски, требаше да донесе позитивни промени во македонската кошарка и во националниот тим, но не направи ништо од најавуваното.

Сe започна со разделбата со поранешниот селектор Александар Џикиќ, кој на неколку дена до почетокот на подготвките за ЕП кое се одржа минатата година доби отказ, потоа медиумите пишуваа за неговите несогласувања со наследникот на Џикиќ, Марјан Србиновски и дел од репрезнетативците на подготвките во Литванија.

Марковски, иако спортски директор не присуствуваше на ниту еден меч на репрезентацијата на ЕП.

Оставката која ја понуди Марковски ќе биде разгледувана на првата седница на Управниот одбор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП