18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Коло ја однесе ЦСКА во финалето

Де Коло ја однесе ЦСКА во финалето

де-коло-

Кошаркарите на ЦСКА Москва се првите финалисти на завршниот турнир во Евролигата, кој во петокот започна во Берлин. Во првото полуфинале, во дуелот на руските тимови, ЦСКА славеше над Локомотив Кубан со 88:81.

ЦСКА, полесно од очекувањата, успеа да слави над Локомотив, во првата четвртина направи предност од 11 поени, која потоа без поголеми проблеми ја одржуваше во останатите три четвртини.

Највисоката предност на ЦСКА изнесуваше 16 поени, Локомотив преку Дилејни и Дрејпер, неколку пати успеваше да стигне до негатива од шест поени, но не и до пресврт.

Тимот на ЦСКА до победата го предводеше Нандо Де Коло. Најкорисниот играч во Евролигата оваа сезона, мечот го заврши со 30 поени (9/14 за два, 2/4 за три), три скока и четири асистенции. Покрај Де Коло, двоцифрен ефект кај „армејците“ имаше уште само Фридзон кој постигна 13 поени.

Кај Локомотив одличен меч одигра Малком Дилејни кој постигна 26 поени.

ЦСКА, в недела, ќе го одигра своето шесто финале во последните десет години и ќе се обиде по осум години да ја врати титулата во Москва.

Противник на московскиот тим ќе биде победникот од второто полуфинале во кое ќе играат Лаборал Куча и Фенербахче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП