22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФатма Самура прва жена генсек на ФИФА

Фатма Самура прва жена генсек на ФИФА

фатма-самура

Сенегалката Фатма Самба Дијуф Самура е избрана за генерален секретар на Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) и стана првата жена која е избрана на оваа функција.

„Фатма е жена со огромно меѓународно искуство, која се има занимавано со некои од најпредизвикувачките прашања на нашето време. Таа покажа способност да биде лидер на тимови, да ја подобри организацијата, и што е особено важно за нас во ФИФА, таа разбира колку е важно да си транспарентен и одговорен“, рекол претседателот на ФИФА, Џани Инфантино на Конгреот во Мексико Сити.

Самураима 54 години, во изминатите две децении ги водела програмите на Обединетите нации во Африка, а во моментов е ангажирана на хуманитарен проект во Нигерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП