18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го доби класикот со Надал

Ѓоковиќ го доби класикот со Надал

гјоко0009хухк

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, забележа нова победа над Рафаел Надал и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Рим.

Ѓоковиќ славеше во два сета 7:5, 7:6 по речиси два ипол часа игра. Српскиот тенисер во меѓусебните дуели води 26:23, вклучувајќи ги 11-те победи во последните 12 дуели со Шпанецот.

Со исклучок на првата половина од првиот сет, кога ветерот им создаваше проблеми на двајцата, Ѓоковиќ и Надал одиграа меч достоен за финале. На крајот пресуди психичката подготвеност на Ѓоковиќ и повредата на стапалото со која се мачеше Надал.

Шпанецот прв стигна до брејк, во петиот гем, Ѓоковиќ возврати во десеттиот кога израмни на 5:5. Нов брејк, кој значеше и сет, српскиот тенисер направи во 12-та игра. Ѓоковиќ првиот сет го освои со маестрален поен, кој веројатно ќе конкурира за поен на сезоната.

Вториот сет започна како и првиот, со брејк на Надал, а Ѓоковиќ возврати во десеттиот гем, а потоа во тај брејкот го заврши мечот.

Ѓоковиќ мечот го заврши со 27 винери и исто толку неизнудени грешки, додека Надал имаше 23 директни поени и 31 неизнудена грешка.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Доминик Тим и Кеи Нишикори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП