25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајдобро платените фудбалери во светот за 2015-та година

Најдобро платените фудбалери во светот за 2015-та година

Ronaldo-Messi-Money

Списанието „Forbes“ објави листата на најдобро платените фудбалери во светот. За таа цел екипата на списанието користеше официјални податоци, но исто така и информации од менаџерските агенции, агентите, фудбалските клубови, како и експерти од Европа и САД.

Како и во претходните години, на чело на листата се Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Ѕвездите на Реал Мадрид и Барселона имаат заработено вкупно 82 и 77 милиони долари во 2015-та година.

Еве уште малку информации за нив:

fouuu 1

Кристијано Роналдо – Тој е човечки билборд. За коса користи шампон „Clear“, долната облека му е од неговиот сопствен бренд, а обувките му се „Nike“. Костимот е од „Sacoor Brothers“, часовникот на „Tag Heuer“, слушалките се од „Monster“, извајаното тело тој го должи на „Sixpad Training Gear“, но исто така и на „Herbalife“. Вкупно за минатата година 31-годишниот Португалец додал 31 милиони долари кон сметките само од рекламни договори. Во февруари Роналдо стана првиот спортист во светот со повеќе од 200 милиони следбеници на социјалните мрежи. Денес тие се веќе 210 милиони, односно 111.4 милиони на „Facebook“, 42.1 милиони на „Twitter“ и 57.3 милиони на „Instagram“. За споредба, најпопуларниот кошаркар во моментов во светот – Леброн Џејмс, има само со 73.5 милиони следбеници, што сепак не му пречи да додаде 48 милиони долари кон сметките од рекламни договори. Роналдо сепак добил и 53 милиони долари од плати и бонуси од Реал Мадрид, со што вкупните приходи за минатата година достигнуваат 82 милиони долари.

fouuu 2

Лионел Меси – 5 милиони долари зад него е Лионел Меси со вкупно 77 милиони долари заработени од 51 милиони долари во форма на плати и бонуси и 26 милиони долари од рекламни договори со „Туркиш ерлајнс“, „Adidas“, „Gatorade“, „Lays“ и „EA Sports“. Меси заработил за 2 милиони долари помалку од плати и бонуси и 3 милиони долари помалку од рекламни договори од Роналдо. Тој има вкупно 82 милиони фанови на социјалните мрежи.

Третата позиција на најдобро платените фудбалери ја држи Златан Ибрахимовиќ. 34-годишниот Швеѓанец заработил 37 милиони долари во 2015-та година, а 30 милиони долари од нив се од ПСЖ. Во ова рангирање се наоѓа и клубскиот колега на Меси – Бразилецот Нејмар со 36 милиони долари, велшката ѕвезда на Реал Мадрид Герет Бејл со 34 милиони долари, капитенот на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Вејн Руни со 26 милиони долари и напаѓачот на Манчестер Сити Серхио Агуеро со 24 милиони. долари. Во топ 10 се наоѓаат уште Луис Суарез со 23 милиони долари Еден Азар (Челзи, 22 милиони долари) и Цеск Фабрегас (Челзи, 21 милиони долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП