18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Дешамп ги изостави Бензема, Бен Арфа, Гамеиро, Валбуена

ЕУРО 2016: Дешамп ги изостави Бензема, Бен Арфа, Гамеиро, Валбуена

frrancc

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, го објави списокот на играчи со кои ќе ја напаѓа титулата на Европското првенство, на кое „триколорите“ ќе бидат домаќини.

Францускиот селектор ја изненади јавноста бидејќи не го повика Хатем Бен Арфа, кој има неверојатна сезона во дресот на Ница, на 33 натпревари овој фудбалер има постигнато 17 голови, со што се најде на радарот на неколку големи европски клубови.

На списокот на Дешанп го нема Бензема, кој е суспендиран од страна на Француската фудбалска федерација поради аферата со Валбуена, кој исто така го нема на спискот, но поради лошата сезона која ја имаше во дресот на Лион.

Дешамп на резервниот спискот ги остави Лаказет, Гамеиро, Шнајдерлин, Дебиши е повреден и нема да игра на ЕП, додека дефанзивецот на Ливерпул Сако ќе го пропушти првенството поради позитивен допинг тест.

Франција на ЕП се наоѓа во А групата заедно со Швајцарија, Романија и Албанија.

Составот на франциската репрезентација за ЕУРО 2016:

Голмани: Љорис (Тотенхем), Манданда (Марсеј), Костил (Рен)

Одбрана: Варан (Реал), Кошчелни (Арсенал), Мангала (Манчестер Сити), Сања (Манчестер Сити), Матје (Барселона), Евра (Јувентус), Дињ (Рома), Жале (Лион)

Среден ред: Погба (Јувентус), Матуиди (ПСЖ), Дијара (Марсеј), Канте (Лестер), Кабај (Кристал Палас), Сисоко (Њукасл), Паје (Вест Хем)

Напад: Гризман (Атлетико Мадрид), Марсијал (Манчестер Јунајтед), Коман (Баерн Минхен), Жиру (Арсенал), Жињак (УАНЛ Тигрес, Мексико).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП