20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМулаомеровиќ нов селектор на БиХ

Мулаомеровиќ нов селектор на БиХ

cibo

Тренерот на Цибона, Дамир Мулаомеровиќ е именуван за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина.

Мулаомеровиќ кој е роден во Тузла, на функцијата ќе го наследи Црногорецот Душко Ивановиќ, кој БиХ ја предводеше на Евробаскетот минатата година.

Тренерот на Цибона, во четвртокот, ја доби довербата од Управниот одбор на Кошаркарската федерација на БиХ, иако минатата недела медиумите шпекулираа дека најмногу шанси за селекторската функција има поранешниот предводник на Македонија, Александар Џикиќ.

Мулаомеровиќ зад себе има успешна играчка кариера, настапувал за Цибона, Ефес, Фортитудо, Реал, Олимпијакос и Панатинаикос. Како играч на Панатинаикос во 2002 ја освоил Евролигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП