26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Вилмотс ги отпиша Чадли и Миралс

ЕУРО 2016: Вилмотс ги отпиша Чадли и Миралс

euro-meuro

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Марк Вилмотс, го објави списокот со фудбалери со кои ќе настапи на Европското првенство во Фрaнција.

Белгија на ЕП ќе настапи без капитенот Венсан Компани, кој ќе пуазира четири месеци поради повреда, а селекторот реши на спискот на резерви да ги остави Насер Чадли и Кевин Миралас.

Белгија на ЕП ќе игра во Е групата со Италија (13. јуни), Република Ирска (18. јуни) и Шведска (22. јуни).

Во подготвителниот период, во периодот од 28. мај до 5. јуни, избраниците на Вилмотс ќе одиграат контролни натпревари против Швајцарија, Финска и Норвешка.

Списокот на Вилмотс:

Голмани: Куртоа (Челзи), Мињоле (Ливерпул), Жиле (Мехелен);

Одбрана: Ломбартс (Зенит), Џордан Лукаку (Остенде), Денајер (Галатасарај), Вермален (Барселона), Вертонген (Тотенхем), Меније (Бриж), Енгелс (Бриж), Бојата (Селтик), Алдервирелд (Тотенхем);

Среден ред: Витсел (Зенит), Фелаини (Манчестер Јунајтед), Наингоилан (Рома), Дембеле (Тотенхем), Азар (Челзи), Де Брујне (Манчестер Сити), Мертенс (Наполи), Фереира Караско (Атлетико Мадрид);

Напад: Ориги (Ливерпул), Батшуаји (Марсеј), Ромелу Лукаку (Евертон), Бентеке (Ливерпул).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП