12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвертон го отпушти Мартинез

Евертон го отпушти Мартинез

marti

Фудбалскиот клуб Евертон му врачил отказ на менаџерот Роберто Мартинез, пренесоа англиските медиуми.

Евертон има само една победа на последните десет натпревари, поради што навивачите му го свртеа грбот на Мартинез. Раководството на клубот реши да делува по поразот од Сандерленд во средата и како што пишува порталот Ливерпул Ехо тоа бил последниот меч на Евертон како менаџер на Евертон.

Шпанецот стана тренер на Евертон во 2013 година, кога пристигна од Виган, претходно работел и во Свонси.

Отказот на Мартинез се поклопува со оставката која Франк де Бур ја поднесе во Ајакс, бидејќи токму Холанѓанецот изминатиот период се поврзуваше со клупата на Евертон.

Екипата на Евертон, во пресрет на последното коло во Премиерлигата, се наоѓа на 12-то место на табелата со 44 бодови. Сезоната Евертон ќе ја заврши против Норич на домашен терен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП