Доминик Тим ја забележа најголемата победа во својата досегашна кариера, откако на Мастерс турнирот во Рим го елиминира Роџер Федерер.
Австриецот, во третото коло, на турнирот во Рим, го победи Швајцарецот во два сета (7:6, 6:2).
Победата на Тим, кој се наоѓа во добра форма, не треба да преставува големо изнендување, бидејќи турнирот во Рим е само четвртиот на кој Федерер настапи од почетокот на сезоната.
Следен противник на Тим ќе биде победникот од дуелот помеѓу Кеи Нишикори и Ришар Гаске.