17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Бур замина од Ајакс

Де Бур замина од Ајакс

de-bur

Холандскиот фудбалски стратег Франк де Бур повеќе не e тренер на Ајакс, откако поднесе оставка по нерешениот резултат со отпишаниот Де Грапшап, со што на драматичен начин ја загуби шампионската титула.

Де Бур шест години го предводеше Ајакс, освои четири титули, во периодот од 2011 до 2014 година.

Ајакс во неделата требаше да слави над отпишаниот Де Грапшап и да го подигне шампионскиот пехар, сепак тимот на Де Бур одигра 1:1, иако имаше предност на полувреме, што го искористи најголемиот ривал ПСВ Ајндховен и со победата над Цволе (3:1) ја освои титулата.

„Мислам дека е вистинско време за промена. Тоа е најдобро за мене и за Ајакс. Не знам што ќе работам во иднина. Можно е и една година да одморам“, рекол Де Бур.

Инаку холандските и англиските медиуми го поврзуваат Де Бур со трансфер во Евертон, кој под водство на Роберто Мартинез имаше разочарувачка сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП