1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС во финалето на Западот

ГС во финалето на Западот

port 3333

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс, исто како и минатата сезона, изборија пласман во финалето во Западната конференција, во НБА лигата, додека на Истокот, Торонто го дели една победа од пласманот во првото конференциско финале во историјата на клубот.

Тандемот на Голден Стејт, Кари-Томпсон, го доби дуелот со противничкиот двоец Лилард-Мекалум, Вориорс славеа 125:121 и со вкупен резултат 4-1 се пласираа во финалето на Западот, каде за противник ќе го имаат победникот од серијата помеѓу Сан Антонио и Оклахома.

Томпсон го предводеше Голден Стејт со 33 поени (13/17 од поле, 6 тројки), додека Кари постигна 29 поени, на кои придодаде 11 асистенции. Најдобриот играч во НБА лигата, со тројката на 25 секунди до крајот го реши прашањето на победникот.

Кај Портланд, кој во претходната рунда го елиминираше ЛА Клиперс, го предводеа Лилард со 28 поени, седум скокови и седум асистенции, а Мекалум забележа 27 поени, осум скокови и пет асистенции.

Торонто славеше над Мајами 99:91 и води во серијата со 3-2. Репторси победникот го решија во последните две минути, иако на полувреме имаа 20 поени предност, а со 13 поени повеќе од противникот влегоа во последната четвртина.

Дерозан постигна 34 поени, а Лаури забележа 25 поени, 10 скокови и шест асистенции. Ветеранот Вејд со 20 кошеви го предводеше Мајами.

Шестиот натпревар од оваа серија ќе се одигра во Мајами во ноќта помеѓу петок и сабота.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП