7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСандерленд се спаси, Норич и Њукасл испаднаа од Премиерлигата

Сандерленд се спаси, Норич и Њукасл испаднаа од Премиерлигата

sandr

Фудбалерите на Сандерленд изборија опстанок во Премиерлигата, додека наредната сезона, покрај Астон Вила во Чемпионшип дивизијата ќе играат Њукасл и Норич.

Сандерленд, во одложениот натпревар од 30.коло, лесно го совлада Евертон со 3:0 и во пресрет на последното коло стекна недостижна предност од четири бода над конкурентите во борбата за опстанок Њукасл и Норич.

Сандерленд по одиграни 37 натпревари се наоѓа на 17-то место на табелата со 38 бодови, а Њукасл и Норич имаат по 34.

Во средата, Норич залудно славеше над Вотфорд со 4:2.

Ливерпул го пречека Челзи, мечот заврши 1:1, а го обележа извонредниот гол на Еден Азар за водство на Челзи во 32.минута и грешката на голманот на „сините“, Асмир Беговиќ, кој во 92.минута му овозможи на Кристијан Бентеке да го постави конечниот резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП