
Македонските параолимпијци го освоија бронзениот медал на Меѓунардоното првенство во Хановер, Германија, во дисциплината спортски пиштол 25 метри.


Македонските параолимпијци го освоија бронзениот медал на Меѓунардоното првенство во Хановер, Германија, во дисциплината спортски пиштол 25 метри.
Тројката на македонски репрезентативци, остварија резултати кои се подобри од параолимписката норма: Ванчо Каранфилов (550 круга), Оливера Наковска-Бикова (534) и Бранимир Јовановски (542).
Поединечно, одличен резултат оставри Наковска-Бикова, таа во дисциплината малокалибарски пиштол, слободен избор, го освои шестото место.