3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕдногласно, Стеф Кари е МВП (видео)

Едногласно, Стеф Кари е МВП (видео)

3905

Бекот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ја освои МВП наградата како најкорисен кошаркар во регуларниот од сезоната во НБА лигата. Кари и минатата година беше МВП, а оваа година влегува во историјата како прв кој едногласно го добил ова престижно признание.

Стеф Кари оваа сезона го предводеше Голден Стејт до рекордната низа во првенството од 73 победи и само девет порази. Сезонава тој бележел 30,1 поени, 5,4 скокови и 6,7 асистенции по натпревар, со погодени 50,4 отсто на обидите од поле, односно 45,4 отсто на обидите за три поена.

Кари во регуларниот дел постигна 403 тројки, што е нов рекорд во НБА лигата.

Очекувано, втор во изборот беше крилниот играч на Сан Антонио, кој е најдобар дефанзивец во лигата, Каваи Ленард, трет е Леброн Џејмс од Кливленд, а на четвртото и петтото место се најде двоецот на Оклахома, Расел Вестбрук и Кевин Дурент.

Стеф Кари им се придружи на Тим Данкан, Боб Пети, Карл Мелоун и Стив Неш коишто, исто така, двапати ја освојувале наградата за најкорисен играч во лигата.

Рекордер е Карим Абдул-Џабар со шест вакви признанија, по пет имаат Мајкл Џордан и Бил Расел, Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс по четири, а Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон по три.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП