1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлатенбург ќе го суди финалето во ЛШ

Клатенбург ќе го суди финалето во ЛШ

sudija-finale

Англичанецот Марк Клатенбург ќе го суди финалето во Лигата на шампионите помеѓу мадридските тимови Реал и Атлетико, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 28.мај во Милано.

Клатенбург, оваа сезона ја делеше правдата на шест натпревари во Лигата на шампионите, на Атлетико му судел два, а на Реал еден натпревар.

Овој 41-годишен Англичанец, в недела, ќе биде главен судија на финалниот меч во ФА купот, помеѓу Манчестер Јунајтед и Кристал Палас.

УЕФА, во вторникот, одлучи финалето во Лига Европа, кое на 18.мај во Базел ќе го одиграат Ливерпул и Севилја, да го суди Швеѓанецот Јонас Ериксон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП