6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧесите без Јиха и Хорак против Македонија

Чесите без Јиха и Хорак против Македонија

cesi

Ракометната репрезентација на Чешка без неколку влијателни играчи ќе го игра бараж двомечот против Македонија, за пласман на Светското првенство во 2017 година. Селекторскиот двоец на Чешка Јан Филип и Даниел Кубеш за интернет страницата на националната федерација, потврдиле дека меѓудругите во тимот ќе го нема Филип Јиха.

Еден од најдобрите европски ракометари, долгогодишниот играч на Кил, кој од оваа сезона игра во Барселона, Филип Јиха, дефинитивно отпадна од комбинација за бараж двомечот помеѓу Чешка и Македонија.

„Јиха почна да тренира, но е далеку од потребната форма“, го образложи неповикувањето на Јиха селекторскиот двоец.

Покрај Јиха, во составот го нема и најдобриот дефанзивец на Чесите, Павел Хорак, додека под голем знак прашалник е настапот на крилото Јан Собол и голманот Мартин Галија.

„Голамнот Галија и Јан Собол се наоѓаат меѓу резервите на списокот, тие се повредени, но доколку се рехабилитираат во наредниот период сигурно ќе бидат во комбинација“.

Првиот од двата натпревари помеѓу Чешка и Македонија ќе се одигра на 11.јуни во Злин, а реваншот во Скопје е закажан за 15.јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП