2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн посилен за Ренато Санчез и Хумелс

Баерн посилен за Ренато Санчез и Хумелс

renato humels

Германскиот шампион Баерн Минхен, на чија клупа од наредната сезона ќе седи Карло Анчелоти, ги договори првите две засилувања за новата сезона. Титулата во Лигата на шампионите следната сезона Баерн ќе ја напаѓа со португалскиот тинејџер Ренато Санчез и германскиот репрезентативец Матс Хумелс.

Ренато Санчез (18) изминатите некоку месеци беше поврзуван со неколку врвни европски клубови, но тој реши кариерата да ја продолжи во Минхен. Младиот Португалец потпиша петгодишен договор, а Баерн на Бенфика ќе ѝ плати 35 милиони евра.

Во исто време кога беше официјализиран трансферот на Ренато Санчез, од Дортмунд стигна потврда дека Матс Хумелс (27) ќе се врати во Баерн.

Хумелс кариерата ја започна во Баерн, но по само еден одигран натпревар на 21-годишна возраст се пресели во Дортмунд.

Германските медиуми шпекулираат дека Борусија ќе заработи 38 милиони евра од продажбата на Хумелс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП