Барселона ќе ја продолжи соработката со Нејмар до 2021 година, а во договорот ќе биде вметната откупна клаузула од неверојатни 220 милиони евра.
Весникот Мундо Депортиво пренесува дека Барселона и Нејмар постигнале договор околу продолжување на соработката, кој ќе биде потпишан по завршувањето на сезоната.
Барселона, со новиот договор, ќе му ја зголеми месечната плата, а излезната клаузула ја зголеми за 30 милиони евра, што значи дека само во договорот на Лионел Меси клубот има вметнато поголема откупна клаузула (250 милиони евра).
Мундо Депортиво, коментира, дека со овој потег Барселона сака да ја „блиндира“ позицијата на Нејмар во тимот и воедно да им испрати порака на ривалите (Манчестер Јунајтед, ПСЖ) дека Бразилецот не е на продажба.