20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen ги покажа новите C4 Picasso и C4 Grand Picasso (фото+видео)

Citroen ги покажа новите C4 Picasso и C4 Grand Picasso (фото+видео)

Thomas Brémond @ Dream On Productions

Сегашните „C4 Picasso“ и „C4 Grand Picasso“ се појавија на пазарот пред околу три години, што значи дека е време за нивно обновување. Француската компанија „Citroen“ е подготвена со дотерувањето, откривајќи ги првите слики и информации.

Thomas Brémond @ Dream On Productions

Надворешноста на двата модела е сосема малку изменета, а тоа е направено преку освежената предница и нови стоп светла со „3D“ ефект. Дизајнерите на брендот исто така подготвија нови 17-инчни тркала, дополнителни бои за надворешноста, како и можност за нарачка на покрив во две бои кај моделот „C4 Picasso“.

Thomas Brémond @ Dream On Productions

Главната новина во внатрешноста на „C4 Picasso“ и „C4 Grand Picasso“ е новиот инфо-систем за навигација „3D Citroen Connect Nav“. Во проширената листа со опции кои беа опфатени со обновувањето е веќе присутен систем за отворање на багажникот со движење на ногата под браникот.

Сериозна модернизација е направена во однос на системите за безбедност. За двата модели веќе се нудат адаптивен автопилот со функција за целосно сопирање, систем за препознавање на знаците, автоматско сопирање при итни случаи, систем за одржување на лентата на движење и друго.

Thomas Brémond @ Dream On Productions

Новина во палетата на мотори е 1,2-литарски бензински мотор „PureTech 130 S & S EAT6“ кој нуди 130 КС и се комбинира со автоматски менувач со 6 степени.

Thomas Brémond @ Dream On Productions

Продажбата на новите „C4 Picasso“ и „C4 Grand Picasso“ во Европа стартуваат во текот на летото. Цените ќе бидат објавени непосредно пред пазарната премиера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП