14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈергер нов тренер на Сакраменто

Јергер нов тренер на Сакраменто

jerger

Генералниот менаџер на Сакраменто Кингс, Владе Дивац, го именуваше Дејв Јергер за нов тренер на тимот од Калифорнија. Сакраменто не ги објави деталите од договорот, но според ESPN, Јергер потпишал четиригодишен договор вреден 16 милиони долари.

„Воодушевен сум што можам да му посакам добредојде во нашиот тим на Дејв Јергер“, рекол Дивац.

Јергер на клупата на Сакраменто го наследи Џорџ Карл, кој доби отказ на крајот од сезоната, бидејќи тимот забележа 33 победи и 49 порази.

Изминатите три сезони Јергер го предводеше Мемфис и секогаш успеваше да избори пласман во плејофот. Со Мемфис, во регуларниот дел од сезоната, тој има остварено 147 победи и 99 порази.

Доби отказ во Мемфис, по елиминацијата од Сан Антонио во плејофот, иако на ниту еден натпревар немаше комплетен тим.

Прва задача на новиот тренер ќе биде тимот да го врати во плејофот, бидејќи Сакраменто цела деценија не бил учесник во разигрувањето за титулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП