17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаниери најдобар италијански тренер

Раниери најдобар италијански тренер

klaudio-raineri

Клaудио Раниери ја доби наградата „Енцо Беарцот“ за најдобар италијански тренер оваа сезона. Раниери, сезонава го предводеше Лестер до титулата во Премиерлигата, што преставува една од најголемите сензации во историјата на фудбалот.

„Искрено, сѐ уште не верувам дека го постигнавме ова. Сезоната ја започнавме со цел да го избегнеме испаѓањето од Премиерлигата, но видовте како заврши“, рекол Раниери на свечената церемонија во Рим.

Наградата „Енцо Беарцот“ се доделува од 2011 година, во чест на тренерот кој со Италија стана светски првак во 1982 година.

„Никогаш не го запознав Беарцот, но многу луѓе ми велат дека во мене го гледаат неговиот дух, а тоа ме прави горд“, дополнил тренерот на Лестер.

Легендарниот Енцо Беарцот почина во 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП