2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранција без половина тим на квалификациите во Манила

Франција без половина тим на квалификациите во Манила

francija-tim

Квалификацискиот турнир на кој ќе се натпреварува Франција ќе започне на 5. јули во Манила, а само победникот ќе избори пласман на Олимписките игри. Франција е во Б групата заедно со Нов Зеланд и домаќинот Филипини, додека во А групата се Турција, Сенегал и Канада.

Франција во полн состав би била апсолутен фаворит на турнир во ваков состав, но селекторот Венсан Коле, изминативе денови добил потврда од неколкумина играчи дека нема да настапат во Манила.

Уште на почетокот на годината центарот на Јута Џез соопшти дека нема да настапи на квалификацискиот турнир, а изминатите денови неиграњето за репрезентацијата го потврдиле Николас Батум, Еван Фурније и Иан Махимни.

Околу играњето, односно неиграњето на олимписките квалификации сеуште не се изјасниле играчите на Сан Антонио, Тони Паркер и Борис Диао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП