21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарej и Морземо ја раскинаа соработката

Марej и Морземо ја раскинаа соработката

marej morezmo 0000

Енди Мари и неговиот тренер Амели Морезмо спогодбено ја раскинале соработката, во неделата, по поразот на Британецот во финалето на Мастерсот во Мадрид. Марej, кој ја бранеше титулата во Мадрид, во финалето загуби од Новак Ѓоковиќ 1-2 (2-6, 6-3, 3-6).

Марej не ја одбрани титулата во Мадрид, загуби во финалето од Ѓоковиќ, но и го загуби второто место на АТП листата. Роџер Федерер е сега втор, со ист број на бодови како и Марej, 7.525. Неприкосновен на врвот е Ѓоковиќ со 16.550 бодови, односно 9.025 повеќе од Федерер и Марej.

„Во изминатите две години таа имаше големо влијание во мојот тим и многу ќе ми недостасува. Амели имаше непроценливо значење за тимот, внесе мир во нашиот табор. И благодарам, во наредниот период ќе ги разгледам наредните чекори“, го пренесува ББЦ соопштението на Марej.

Соработката на Марej со Амели Морезмо му донесе седум титули на Британецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП