11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛекиќ ќе ја оперира тетивата

Лекиќ ќе ја оперира тетивата

lekik

Андреа Лекиќ (30), средниот бек на ЖРК Вардар, во периодот што следува ќе мора да оди на опарација. Лекиќ, подолго време има проблеми со тетивата, поради што го пропушти натпреварот за третото место на завршниот турнир во Лигата на шампионките.

Лекиќ на завршниот турнир во Будимпешта беше најефикасната во тимот на Вардар во шокантниот полуфинален пораз од екипата на ЧСМ Букуешт (21:27), која во неделата ја освои европската титула.

Поради повредата на тетивата, Лекиќ воопшто не настапи на неделниот натпревар против Будуќност, на кој ЖРК Вардар победи 30:28 и го освои третото место.

Поранешната српска репрезентативка на операција ќе замине по завршувањето на сезоната, со цел да биде со тимот од почетокот на подоготвките во август. Вообичаено рехабилитацијата од ваквите операции трае околу два месеца.

Андреа Лекиќ неодамна потпиша нов договор со Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП