17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПлатини ја напушта УЕФА

Платини ја напушта УЕФА

UEFA Europa League 2012 trophy handover in Bucharest

Судот за спортска арбитража (ЦАС), му ја намали суспензијата на Мишел Платини, од шест на четири години. Платини е незадоволен и од оваа одлука, бидејќи бараше целосно укинување на суспензијата, по што неговиот адвокат најави дека тој ќе се повлече од претседателската функција во УЕФА.

Челниците на УЕФА и ФИФА, Мишел Платини и Сеп Блатер, поради „нелојална исплата“, која е откриена како дела од истрагата на швајцарскиот обвинител, која истражуваше дали имало корупција при доделувањето на организацијата на светските првенства во 2018 и 2022 година, најпрвин беа суспендирани на осум години, но потоа Етичкиот комитет на ФИФА на Платини му ја намали суспензијата на шест години.

Незадоволен од оваа одлука, Палатини преку своите правни застапници се жалеше до Судот за спортска арбитража, во Лозана. Овој суд, во понеделникот, не одоговори позитивно на барањето на Платини, целосно да му ја укине суспензијата, туку само му ја намали казната за две години.

„Мишел Платини е длабоко разочаран од одлуката која ја донесе судот и објавува дека ќе поднесе оставка на претседателската функција во УЕФА, на наредниот конгрес на организацијата“, стои во соопштението испратено од адвокатскиот тим на Платини.

Платни и Блатер се суспендирани откако беше откриено дека Блатер на првиот човек на УЕФА му исплатил „на рака“, сума од два милиони долари, за консултантски услуги во периодот од 1998 до 2002 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП