19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаланчиунас не игра до крајот на серијата со Мајами

Валанчиунас не игра до крајот на серијата со Мајами

raptors-heat-basketball2

Центарот на Торонто Репторс, Јонас Валанчиунас, ќе ги пропушти останатите натпревари против Мајами Хит, во полуфиналната серија во Источната конференција.

Литванскиот репрезентативец го повреди скочниот зглоб на десната нога, во третата четвртина од третиот меч во серијата, на кој Торонто победи во Мајами 99:95.

„Ова е голема загуба за нас, тој играше одлично во оваа серија, голем удар за нас. Разговаравме, ми кажа дека му е многу тешко, но таков е животот, тоа е НБА лигата“, рекол генералниот менаџер на Торонто, Масаи Уџири.

Во досегашниот тек од плејофот, Валанчиунас е еден од водечките играчи на Торонто со просек од 15 поени и 12 скокови по натпревар.

„Нема ништо да менуваме во нашата филозофија на играта, не е важно кој ќе ги започнува натпреварите, едноставно тој играч ќе мора да го надомести отсуството на Валанчиунас“, рекол тренерот Двејн Кејси.

Четвртиот меч од серијата помеѓу Мајами и Торонто ќе се одигра во четврток на Флорида, Ропторси по првите три натпревари водат со 2-1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП