23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКливленд прв финалист на Истокот

Кливленд прв финалист на Истокот

klivi 33

Минатата сезона во финалето, оваа во полуфиналето во Источната конференција, кошаркарите на Кливленд славеа над Атланта со максимални 4-0 и се првиот тим коj избори пласман во конференциското финале.

На теренот на Атланта, Кливленд во четвртиот меч, кој беше и најнеизвесен во оваа серија, славеше со 100-99. Противник во финалето на Истокот на Кливленд ќе биде победникот од серијата помеѓу Торонто и Мајами (2-1).

Атланта имаше можност да избори барем уште еден меч, но последниот напад на 2,8 секунди до крајот немаше завршница.

Германецот Денис Шредер ја предводеше Атланта со 21 поен (13 во последниот период), три скока и шест асистенции, Пол Милсап постигна 19, Табо Сефолоша 16, Ал Хорфорд 15 поени.

Кевин Лав го предводеше Кливленд со 27 поени и 13 скокови, а Леброн Џејмс беше на чекор до „трипл дабл“ (21 поен, 10 скокови, девет асистенции).

peee

Кошаркарите на Оклахома го совладаа Сан Антонио 111-97 и го израмнија резултатот во меѓусебната полуфинална серија, во Запдната конференција, на 2-2. Кевин Дурент блескаше со 41 поен, пет скока и четири асистенции.

Сан Антонио го контролираше мечот во Оклахома се до стартот на последната четвртина, Спарси имаа десет поени предност по првите 12 минути, а во последниот период влегоа со позитива од четири поени, меѓутоа Оклахома предводена од Дурент, решавачкиот период го реши со 34:16 и израмни на 2-2.

Дурент постигна 41 поен, 29 во второто полувреме, кога погоди 10 од 13-те шутеви од поле. Расел Вестбрук, кој на претходниот меч потроши многу топки, на овој играше рационално, постигна 14 поени на кои придодаде седум скокови и 15 асистенции.

„Морате да му честитате на Дурент, беше одличен, навистина одличен. Не знам што друго да кажам, навистина беше фантастичен“, рекол тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ.

Сан Антонио имаше само тројца расположени играчи на овој меч, кои реализираа 20+ поени: Тони Паркер 22, Кавај Ленард 21 и Ламаркус Олдриџ 20 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП