17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарките на ЧСМ Букурешт ја освоија европската титула

Ракометарките на ЧСМ Букурешт ја освоија европската титула

bukur

Екипата на ЧСМ Букурешт, која пред почетокот на завршниот турнир во Лигата на шампионките беше потценета од останатите тимови, Будимпешта ја напушта како нов европски шампион.

Романските ракометарки, кои од клупата ги предводи Ким Расмусен, по голема драма, две продолженија и изведување на седмерци, славеа над Ѓер со 29:26 (25:25, 13:12). Хероина на ЧСМ Букурешт, во пенал серијата е бразилската голманка, која од наредната сезона ќе брани во Вардар, Песоа, која им ги одбрани ударите од седум метри на Грот и Локе.

Претходно, во романскиот тим блескаа голманката Грубишиќ која имаше 14 одбрани и средниот бек Гулден која постигна 14 голови. Гулден е најдобар стрелец на завршниот турнир, додека Грубишиќ сосема заслужено ја понесе наградата за најкорисна ракометарка на завршниот турнир. Таа во полуфиналето против Вардар имаше 19, а во финалето против Ѓер 14 интервенции.

Самото финале, од почетокот до крајот беше израмнето и незивесно, ниту една од екипи во текот на мечот немаше предност поголема од два гола.

Двата тима одиграа квалитетно во дефанзивата, а можеби победникот го пресуди подоброто издание на Грубишиќ, бидејќи Гримсбо на спротивната страна имаше осум интервенции.

Драмата куминираше во последните 15 секунди, кога Горбич од седмерец погоди за Ѓер (21:22), но во последниот напад Торстенсон, на три секунди до крајот израмни (22:22).

Ѓери маше шанса и во продолженијата, водеше 22:24 по првото, а во второто поведе 23:25, но упорните Романки стигнаа до израмнување, а потоа и до победата.

Титулата на ЧСМ Букурешт е една од најголемите сензации во женскиот ракомет, но трофејот заслужено го освоија, бидеќи на патото до конечната цел го елиминираа Ростов Дон, екипа која до четвртфиналето немаше пораз, потоа во полуфиналето ЖРК Вардар и во финалето Ѓер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП