22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Сити „виси“ за Лигата на шампионите

Манчестер Сити „виси“ за Лигата на шампионите

man-ars

Фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал ремизираа 2-2 во дерби мечот кој се одигра во рамките на 37.коло, претпоследно, во Премиерлигата. Сити не успеа да победи и многу веројатно ќе го загуби четвртото место, кое носи квалификации во Лигата на шампионите.

Манчестер Сити два пати водеше, имаше повеќе шанси, Бони во 88.минута ја погоди гредата, но Арсенал на крајот освои бод и му се доближи на два бода на вторпласираниот Тотенхем, кој претходно загуби од Саутемптон 1-2.

Сити водеше со головите на Агуеро и Де Брујне, но гостите ја стигнуваа предноста на противникот преку Жиру и Алексис Санчез.

Во пресрет на последното коло, Лестер е веже шампион, Тотенхем е втор со 70 бодови, Арсенал има 68, Сити 65, на Манчестер Јунајтед има натпревар помалку и 63 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП