16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈубилеј на Тоти, 600 натпревари во Серија А

Јубилеј на Тоти, 600 натпревари во Серија А

tott

Легендата на Рома, Франческо Тоти, во неделата прослави уште еден јубилеј, откако го одигра 600-от натпревар за „волчицата“ во Серија А.

Тоти, како резерва влезе во игра, во победата над Киево (3:0) и му асистираше на Пјаниќ за третиот гол.

Оваа сезона Тоти најчесто влегуваше од клупата, има одиграно 12 натпревари, но само двапати бил стартер. Сепак, Тоти има одлична статистика, за 360 минути колку што бил на теренот има учинок од пет голови и три асистенции.

Повеќе натпревари во Серија А од Тоти имаат само двајца играчи Хавиер Занети (615) и Паоло Мадини (647).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП