20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки го ловат првото финале

Вардарки го ловат првото финале

vardarki

Ракометарките на Вардар попладнево ќе го одиграат полуфиналниот натпревар против ЧСМ Букурешт на завршниот турнир во Лигата на шампионките. Вардарки во изминатите две сезони го освојуваа третото место во Лигата на шампионките, против романската екипа ќе го „ловат“ првото финале во клупската историја.

Вардар и Букурешт играа во осминафиналната група, избраничките на Кастратовиќ победија во двете средби (22:21, 30:25). Во четвртфиналето вардарки без проблеми го минаа Ларвик, додека Букурешт направи сензација со елиминацијата на фаворизираниот Ростов Дон.

„Се подготвуваме за турнирот и за сите противници, за полуфиналето и за евентуално финале. Сепак, мора да мислиме на првиот натпревар и на ЧСМ Букурешт. Нема да калкулираме, го гледавме мечот на Романките со Ростов Дон и добро се подготвивме за нив. Иако Русинките се квалитетна екипа, ЧСМ Букурешт е едно ниво погоре. Самиот податок дека четири екипи од нашата група стигнаа на Ф4 покажува колку беше силна таа група“, изјави тренерот на Вардар, Индира Кастратовиќ.

Атмосферата во тимот е одлична, противникот заслужува респект и ништо повеќе.

„Треба да се концентрираме на нашата игра“, вели Андреа Пенезиќ и додава: „Двапати го победивме ЧСМ Букурешт во групната фаза, но тоа не ја намалува нивната вредност, тие се навистина квалитетни. Натпреварот е да се биде или не. Ќе пресудат ситни детали. Кај нив важна алка се Јоргенсен и Гулден, но ние не се плашиме од никого. Имаме одлична екипа, сконцетрирани сме на нашата игра, имаме една цел и силно ја посакуваме таа цел“.

Завршниот турнир во Лигата нашампионките се игра во Будимпешта, први на теренот ќе излезат ракометарките на Будуќност и Ѓер (15:15 часот), а во 17:45 Вардар ќе игра против ЧСМ Букурешт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП