5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрејк на СА, Кливленд чекор до конференциското финале

Брејк на СА, Кливленд чекор до конференциското финале

brejk 333

Сан Антонио го врати брејкот против Оклахома, додека Кливленд славеше и во третиот меч против Атланата и се наоѓа на чекор до пласман во конференциското финале.

Сан Антонио во Оклахома славеше со 100:96 и повторно ја врати предноста на домашниот терен. Спарси, кои сега водат 2:1 во полуфиналната серија на Западот, водеа од почетокот на мечот, а клучната предност со која и го решија победникот ја стекнаа во финишот.

Триото Ленард (31 поен, 11 скокови), Олдриџ (24 поени) и Паркер (19 поени, осум скокови) ги предводеа Спарси до победата. На спротивната страна најефикасен беше Вестбрук со 31 поен, на кои придодаде девет скокови и осум асистенции, но неговата игра не беше продуктивна за тимот, бидејќи имаше шут од поле 10/31 и уште пет загубени топки.

Кливленд во вториот меч со Атланта постави НБА рекорд со 25 постигнати тројки, во третиот меч беше блиску до рекордот. Кливленд славеше во Атланта 121:108, постигнувајќи 21 тројка. На Кливленд му е потребна уште една победа за пласман во финалето во Источната конференција.

Фрај со 27 поени (7/9 тројки) го предводеше Кливленд, додека Џејмс и Ирвинг постигнаа по 24 поени.

Кај Атланта Хорфорд постигна 22, Тиг 19, а Корвер 18 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП