17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 07-08.05.2016

Викенд хороскоп 07-08.05.2016

popo

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не ве очекуваат многу возбудувања, па затоа ќе можете да се посветите на вашите обврски. Во овој момент ќе немате изразени неповолни аспекти што значи дека ќе можете да ги искористите вашите предности. Емоционално ќе бидете многу задоволни и пред вас е стабилен викенд.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се повеќе планети ви се наклонети и ќе бидете се порасположени и подруштвени. Одлично ви се аспектирани подолготрајните работи, а вашиот статус во работата станува се постабилен, но сеуште не треба да се надевате на признанието кое го очекувате.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Одличен викенд, работите се подобро ви напредуваат. Комуникациите ќе ви бидат се поуспешни и ќе бидете опкружени со многу луѓе. Добро ви се аспектирани и односите со претпоставените, па затоа периодов е поволен за реализирање на некои поважни разговори за кои сте чекале погоден момент.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Барате разни начини да добиете финансиска слобода но ниеден не ви се чини доволно добар. Дури размислувате и да вложите поголема сума во игрите на среќа. За ваша среќа во моментов немате храброст за тоа. Внимавајте, периодот кој следи воопшто не е погоден за ризикување.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вие не можете да се пожалите од тоа што ви го нуди животот во моментов. Викендов ќе биде еден од оние убави периоди во кој ќе се чувствувате кралски. Толку сте обземени сами со себе па нема ни да забележите дека парнерот ви е лут за некои постапки.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Овој викенд ќе бидете емотивни и ќе имате потреба да го задоволите семејството. Ќе сфатите дека одамна не сте се однесувале пријателски и дека ви недостига разговор со нив. На работното место ќе се однесувате таинствено.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате многу пријатели но исто толку и непријатели. Првиот ден од викендот ќе го поминете во телефонски разговори со соработниците. Заедно со нив ќе се обидете да откриете кој стои зад проблемите кои моментално ги имате. Не искажувајте ја љубовта преку купување скапи подароци.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Постојано провоцирате и се обидувате да направите кавга во која лицата околу вас ќе се издадат што мислат. Ве мотивираат погрешни нешта, поради кои во иднина ќе имате проблем. Финансиската ситуација која веќе е сложена во блиска иднина ќе биде уште потешка, бидејќи постои можност да ја загубите работата.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Викендот ќе ви биде исполнет со смеа и изненадувања, работните обврски ќе ги извршувате брзо и дури ќе можете и порано да го напуштите работното место. Во семејството исто така ќе владее хармонија. Ве очекува изненадување кое ќе ви го промени размислувањето и животот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Овој викенд внимавајте како се однесувате кон пријателите. Можно е да дојдете во конфликт со еден од нив и тоа без поголема причина. Се чувствувате вознемирено и нема да избирате зборови. Исто така бидете внимателни и кон домашните.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендов ќе сретнете еден колега од студентските денови. Со него ќе се вратите во некои минати времиња и ќе се потсетите на некои тајни што сте ги делеле. Викендот ќе ви биде исполнет со многу активности, па така ќе немате момент за досадување.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Постои опасност да се скарате со некоја драга личност, затоа не претерувајте туку послушајте го нејзиниот совет. Ќе се влучите во некоја организација во која ви претстои успех како во полето на кариерата така и во љубовта. Можно е да отпатувате на неколку дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП