25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДолга суспензија за Муса Дембеле

Долга суспензија за Муса Дембеле

musa diego 00

Фудбалерот на Тотенхем, Муса Дембеле, поради инцидентот со Диего Коста доби суспензија на шест натпревари, соопшти Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Дембеле, во понеделникот, на натпреварот Челзи-Тотенхем, го напaдна Диего Коста, а во еден момент се обидел да му пикне прст во окото. Овој детал судијата на натпреварот Марк Клатенбург не го видел, но по прегледувањето на снимките ФА реши да го казни Дембеле.

Белгискиот репрезентативец, претходно ја признал вината, но во ФА сепак му одредија ригорозна казна.

Поради суспензијата Дембеле ќе ги пропушти последните две средби од актуелната и првите четири средби од новата сезона.

Инаку, натпреварот Челзи-Тотенхем заврши со резултат 2-2, со што Тотенхем и теоретски ги загуби шансите за освојување на шампионската титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП