25 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГерманија без Гундоган на ЕП

Германија без Гундоган на ЕП

gundogan

Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган, поради повреда на коленото, ќе го пропушти Европското првенство во фудбал, соопшти неговиот клуб Борусија Дортмунд.

Илкај Гундоган е најмалерозниот германски репрезентативец, поради повреда не беше во составот на репрезентацијата која го освои Светското првенство во Бразил, а од иста причина нема да биде во националниот тим ниту на Европското првенство во Франција.

Неговиот клуб, Борусија Дортмунд, соопшти дека Гундоган на тренинг го повредил коленото. Играчот од средниот ред нема да игра ниту во финалето на германскиот Куп на 21.мај во Берлин, каде противник на Борусија ќе биде минхенски Баерн.

Гундоган во кариерата настапувал за Бохум и Нинберг, а од 2011 година е во Дортмунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП