20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДумолан победи на првата етапа на Џиро Д’Италија

Думолан победи на првата етапа на Џиро Д’Италија

dumolan

Холандскиот велосипедист Том Думолан победи на првата етапа на 99-то издание на трката Џиро Д’Италија. Првата етапа се возеше во Холандија, во Апелдорн.

Холандскиот велосипедист беше најбрз на трката на хронометар, етапата долга 9,8 километри, тој ја мина за 11 минути и три секунди.

Секунда зад Думолан задоцни Словенецот Примож Роглич, додека третото место го освои Андреј Амардон од Костарика.

Еден од фаворитите за севкупна победа, шампионот од 2013 година Винченцо Нибали го освои шестото место со време 11 минути и 22 секунди.

Џиро Д„Италија ќе продочжи со две спринт трки во Холандија, а по еден ден пауза ќе се пресели во Италија.

Трката ќе заврши на 29.мај во Торино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП