19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООкслејд-Чембрлен го пропушта ЕП

Окслејд-Чембрлен го пропушта ЕП

_89612244_alexoxladechamberlainginjuredetty

Англискиот репрезентативец, Алекс Окслејд-Чембрлен, поради побвреда на коленото ќе го пропушти претстојното Европско првенство во фудбал, кое на 10. јуни ќе започне во Франција.

Окслејд-Чембрлен минатата недела ја обновил повредата на коленото и според менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, му претстои двомесечна пауза.

„Нема шанси да игра на ЕП. Сé уште не сум раговарал со селекторот Рој Хоџсон, бидејќи предмалку ја добив информацијата. Разговарав со Алекс и тој ми соопшти дека лекарите му кажале дека во јули ќе може да започне со тренинзите. Ова се лоши вести за него, имаше огромна желба да игра на ЕП“, изјавил Венгер за англиските медиуми.

Чембрлен оваа сезона настапил на 33 натпревар за Арсенал, во сите натпреварувања, но последен пат во тимот бил на 23. февруари, на натпреварот со Барселона во Лигата на шампионите, кога и го повреди коленото.

На почетокот на оваа недела тој безуспешно се обиде да се врати на фудбалските терени.

Англија на ЕП се наоѓа во група со Русија, Словачка и Велс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП